вторник, 5 мај 2026

Села бара Бадентер и во Уставниот суд како услов за влез во власта

По најавите за можно коалицирање на едното крило на Алијансата на Албанците во владиното мнозинство, претседателот на оваа партија Зијадин Села изјавува дека услов за таква можна соработка е примената на Бадентеровиот принцип и во Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Села оваа изјава ја даде по последните изјави на претставници на коалицијата Вреди во врска со можноста за негово и учество на неговата партија во Владата.

„Секоја дискусија за евентуално спојување во извршната власт мора да се темели на јасни политички принципи и услови. Клучен приоритет останува почитувањето и практичната имплементација на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Во минатото, сопствениците им велеа на работниците ‘ако не сакате, има други деца’. Денес, ‘нема други деца’“, рече Села и додаде дека за него ова прашање е од суштинско значење за обезбедување еднаквост и правична застапеност на немнозинските заедници во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ