вторник, 5 мај 2026

Се огласи папата по новиот напад од Трамп

Папата Лео Четиринаесетти се огласи по последниот напад од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој порача дека зборувајќи за мирот сакал да ја шири христијанската порака, но дека луѓето се слободни да го критикуваат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мисијата на Црквата е да го проповеда Евангелието, да проповеда мир“, кажа првиот американски папа.

„Ако некој сака да ме критикува затоа што го проповедам Евангелието… Се надевам дека едноставно ќе ме сослушаат поради вредноста на Божјите зборови“, додаде тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше папата Лео Четиринаесетти претходно денес, овој пат непосредно пред посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Ватикан, која е планирана оваа недела.

Зборувајќи во радио емисија водена од конзервативниот Хју Хјуит, Трамп го обвини Лео дека „загрозува многу католици и други луѓе“, тврдејќи дека очигледно верува дека „е во ред Иран да има нуклеарно оружје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ