среда, 6 мај 2026

Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски

Утре во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings (инструментален албум) и Muscle Memory (нов студиски албум), во организација на дискографската куќа Croatia Records.

Објавено на

часот

Сподели

Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“.

Како еден од најистакнатите гитаристи и автори на регионалната музичка сцена, Влатко Стефановски неодамна беше одликуван во Хрватска со престижната награда Porin Special Merit Award, како признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика. Стефановски ќе зборува за процесот на создавање на албумите, за инспирацијата зад нив, како и за своите тековни и идни музички планови.

На промоцијата ќе присуствуваат и претставници на Croatia Records од Загреб – уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар Клариќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ