Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот.
На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и реакции кај граѓаните.






