сабота, 2 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ со предлог-закон за враќање пари на вакцинираните во Србија

Објавено на

часот

Сподели

Предлог-законот, како што рече, ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени за време на имунизација против коронавирусот во Република Србија.

„Според податоците објавени од српските власти само во март во Србија се вакцинирале околу 15.000 македонски граѓани. Бесплатната вакцинација за македонските граѓани продолжи и во јуни и сѐ уште трае, а според податоците овие бројки до денес се зголемени за двојно повеќе па податоците покажуваат дека во Република Србија до половината на месец јуни се вакцинирале повеќе од 30.000 македонски граѓани.

Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано“, изјави Стојаноска.

Според неа, целта на овој предлог закон е на овие граѓани кои не по нивна вина, морале својот спас и својата имунолошка заштита да ја побараат во соседна Србија, државата да им овозможи поврат на средствата за реалните трошоци направени за време на имунизацијата во Република Србија.

Таа уште кажа дека имало и група на граѓани кои што се имунизирале и во други соседни земји и тие граѓани преку амандмански интервенции во законот ќе бидат опфатени во повратот на средствата за имунизација.

Стојаноска ги повика пратениците од парламентарното мнозинство и од останатите опозициски партии да го поддрдадат законот, бидејќи обезбедува фер однос на државата спрема оваа група на граѓани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ