сабота, 2 мај 2026

Предлог-закон за благосостојба на животните: Казни од 400 до 5.000 евра

400 евра казна за несоодветно чување и шетање на куче, 5.000 евра за мачење, сурово и нехумано постапување или убивање животно… Ова се дел од казнените мерки во предлог-законот за заштита и благосостојба на животните изготвен Агенцијата за храна и ветеринарство, заедно со Ветеринарната комора, Ветеринарниот факултет, министерствата за животна средина и локална самоуправа, како и ЗЕЛС и здружението Анима Мунди.

Објавено на

часот

Сподели

Со овој предлог-закон работната група за стратегија и управување со популацијата на бездомни животни главно предлага решавање на проблемот со напуштањето на домашните миленици, нивното неконтролирано размножување и трговија за што краен резултат треба да биде намалување на бројот на бездомни кучиња.

„На сопственикот кој ќе го напушти својот миленик трајно му се забранува држење на миленици; се забранува неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици; се забранува чување на домашен миленик – куче, постојано врзано на ланец или во затворен дел од ограден простор, без да се овозможи слободно движење надвор од тој простор најмалку еднаш во денот, со цел да се задоволат неговите физиолошки и физички потреби; се збаранува зашеметување, колење или усмртување на животни за ритуални цели“…, се дел од измените предвидени со предлог-законот.

Се предвидува и формирање на Центар за трајно згрижување, сместување и посредување при вдомување на напуштени и бездомни животни, но и сместување кај привремени вдомувачи. Се регулира и регистрација на пансиони за миленици, продавници, одгледувачници.

Во предлог-законот е вели дека една мачка или кучка нема да смее да има повеќе од едно легло годишно, задолжителна стерилизација на домашни кучиња, забрана за продажба и давање на подарок домашни миленици од нерегистрирани одгледувачи, а одгледувачниците, пред да го направат тоа, ќе мора новите легла да ги пријават кај ветеринар, но и кому ги дале.

Надлежни за контрола на спроведување на овие измени се предлага да бидат инспекторите на АХВ и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и на градот Скопје, како и МВР.

Овие измени се прави обид за решавање на проблемот со напуштањето на домашни миленици – „на сопственикот кој ќе го напушти својот миленик трајно му се забранува држење на миленици, а се забранува и неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ