„Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат“, се додава во објавата на премиерот.
Тој додаде дека државата се гради со труд. Продолжуваме заедно со посветеност и со верба, истакна Мицкоски на Фејсбук.






