„По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, информираат од МВР.
Приведени се 7 возачи за безобѕирно управување возило
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина – двајца во Кичево и тројца во Скопје, управувале возило без возачка дозвола, а двајца – по еден во Неготино и во Кичево, управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
–

Објавено на
часот





