четврток, 30 април 2026

50 години Kинотека на Македонија

Вчера се одбележаа 50 години од постоење на Кинотеката на Македонија која како институција, пред половина век, е формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење.

Објавено на

часот

Сподели

По тој повод, раководството на Кинотеката, на градоначалникот Сотир Лукровски, му врачи благодарница за долгогодишната соработка и поддршка која Општина Карпош и Кинотеката ја негуваат и постојано ја унапредуваат.

Градоначалникот Лукровски, во своето кратко обраќање за благодарност истакна дека соработката помеѓу овие две институции е од големо значење бидејќи станува збор за институции кои меѓусебно соработуваат на поле на културата како значаен сегмент од животот во локалната самоуправа. Соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, особено оваа година која е јубилејна и за општината која исто така ќе обележи 50 години од своето постоење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ