сабота, 2 мај 2026

Лејкерс со одлична одбрана го победи Хјустон и закажа полуфинале со Оклахома (ВИДЕО)

Во шестиот натпревар од серијата во првото коло, Лејкерс му дозволи на Хјустон да постигне само 78 поени, триумфираше со 98-78 и тоа на гостински терен и со 4-2 се пласираше во конференциското полуфинале каде ќе игра против Оклахома.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес целата серија против Хјустон ја играше без главниот играч Лука Дончиќ, но кога беше најтешко истапи искусниот Леброн Џејмс кој го предводеше тимот до успех.

Но, во следното коло ќе се соочат со главниот фаворит и оваа сезона, екипата на Оклахома, па враќањето на Словенецот е повеќе од потребно.

Што се однесува до натпреварот, Лејкерс одиграа фантастична одбрана, по првите две четвртини Хјустон имаше постигнато само 31 поен. Ова беше лесен триумф на езерџиите со 20 поени разлика, 98-78.

Леброн Џејмс постигна 28 поени, имаше осум асистенции и седум скокови, Хачимура реализираше 21 поен. Кај Хјустон најефикасен беше Томпсон со 18 поени, Шенгун постигна 17 поени, имаше и 11 скокови.

Резултати:

Орландо – Детроит 79-93 (3-3)
Торонто – Кливленд 112-110 (3-3)
Хјустон – ЛА Лејкерс 78-98 (2-4)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ