Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци, пренесува Ројтерс.
Овој потег доаѓа во време на сѐ поголеми несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран, соопшти агенцијата.
Трамп претходно оваа недела се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија по конфликтот со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во понеделникот изјави дека Иранците ги понижуваат САД во преговорите за завршување на војната.
Трамп во средата изјави дека Пентагон размислува за повлекување на дел од 40.000 американски војници стационирани во Германија.
Тој наведе на социјалните мрежи дека се преиспитува распоредот на американските сили во Германија, каде се наоѓа и седиштето на Европската команда на САД.






