петок, 1 мај 2026

Муцунски на форум во Загреб: Време е Европа да е разбуди

Во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Потребно е помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината, рече Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Македонија на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU) во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на европската интеграција, Муцунски нагласи дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија. Тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.
Не е можен индивидуален одговор на големите кризи кои влијаат врз сите, смета Муцунски, туку дека е неопходен заеднички пристап. Во таа насока, тој ја истакна потребата од диверзификација на енергетските извори, инвестиции во гасни интерконектори и инфраструктура, како и спротивставување на штетните влијанија од трети страни.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план. Притоа, тој потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва, иако, како што посочи, државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.
Форумите на Интернационалната демократска унија обединуваат носители на политики, високи партиски претставници и мисловни лидери од глобалното членство и пошироко, овозможувајќи отворена размена на идеи и интензивни дебати меѓу партнери кои ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ