Во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека ѝ се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала. Насилството се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Х.В. од Охрид бил пријавен дека во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска, 10 минути по полноќ, во Свети Николе полицијата го лишија од слобода Н.И.(27) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Тетово полицијата го привела Н.К. (39) од село во општина Боговиње по пријавата на неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот стан физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.






