Во „Европска куќа“ во Скопје ќе се одвива и симболична размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

„Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Република Северна Македонија, што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства. Иако целта на искачувањето е врвот, сакаме да нагласиме дека тој може да се достигне на различни начини. Секоја желба за движење нагоре, дури и со неколку чекори, претставува значаен придонес. Маршот традиционално ги обединува пријателите на Европското движење, планинари и граѓани“, се додава во соопштението.






