Според денешното соопштение на МВР, вчера биле извршени претреси на 13 локации на територија на Скопје по што биле приведени седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривично дело тероризам. Две лица се во во притвор.
Акцијата била спроведена од припадници на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност.
Од АНБ велат дека остануваат посветени на планот на превентивно делување и попречување на ризици и закани по националната безбедност преку навремено обезбедување на информации и преземање на активности во соработка со други надлежни институции од земјава.






