петок, 1 мај 2026

7 лица се приведени за пожарот на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје

По претресите на 13 локации на територија на Скопје приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело, соопшти МВР за опожарувањето на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје рано утрото на 12 април. Против две лица, кои се во во притвор, поднесена е кривична пријава под сомневање за сторено кривично дело „тероризам“.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект. Акцијата била спроведена од припадници на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност.

Претресите биле извршени вчера и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по претходно обезбедени наредби за вршење на претрес на дом и други простории, приведени се седум лица, од кои за две лица е одредена мерка притвор.

МВР поднесе кривична пријава против А.Љ. (21) и А.Р. (38) за сомневање за сторено кривично дело „тероризам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ