четврток, 30 април 2026

Во Виена отворено необично кафуле во кое е забрането користење мобилен телефон

Во време кога повеќето луѓе го започнуваат и завршуваат денот гледајќи во екраните на своите мобилни телефони, во Виена е отворено необично кафуле кое им нуди на гостите целосен одмор од дигиталниот свет.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за поп-ап кафетерија наречена „Офлајн Оида“, која секој викенд ги пречекува гостите кои сакаат мир, разговор и време без известувања од своите мобилни телефони.

По пристигнувањето, гостите се поканети да ги исклучат своите телефони, да ги стават во тивок режим или да ги остават во безбедни заклучени прегради. Целта е едноставна: да поминете неколку часа без прелистување, пораки и постојана потреба да проверите нешто на екранот.

Наместо тоа, на посетителите им се нуди разговор, тишина, книги и друштвени игри.

Она што го прави овој концепт посебен е целосното отсуство на дигитална содржина. Во просторот нема екрани, нема интернет и нема работна атмосфера карактеристична за модерните кафулиња каде што луѓето седат со лаптопи.

Наместо тоа, има едноставна понуда на кафе, чај и домашни колачи, катче за читање во соработка со градската библиотека и викенд дружења со аналогни друштвени игри.

Секој час се организира кратка пауза за дишење и релаксација.

Еден од иницијаторите на проектот, Кристоф Томан, изјави дека идејата се родила како одговор на забрзаното темпо на животот.

„Офлајн е новиот луксуз. Сакавме да создадеме простор за вистински средби, ментално растеретување и чувство на заедништво“, рече тој.

Кафулето е веќе познато по својата модерна интерпретација на австриската кујна и опуштената атмосфера, што го прави идеално место за концептот на дигитален одмор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ