Шкендија по неочекуваниот пораз од Башкими во минатото коло во Тетово, денеска загуби два бода во Кратово откако одигра 1-1 со Силекс.
Тетовскиот тим поведе во 19. минута кога Нзенгуе погоди за водство на Шкендија од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Проблемите за се уште актуелниот шампион почнаа на 20. минути пред крајот кога Фабрис Тамба заработи втор жолт картон, Шкендија остана со фудбалер помалку.
Во 88. минута Мишов даде гол за израмнување на Силекс од 1-1. Што беше конечен резултат.
Maкедонија Ѓорче Петров лесно ги освои планираните три бода против веќе испаднатиот Шкупи и славеше победа од 4-0. Со овој триумф „лавовите“ ги задржаа надежите дека до крајот на сезоната можат да дојдат до бараж преку кој би обезбедиле опстанок, иако и тоа ќе им биде тешко бидејќи Пелистер пред нив има два бода повеќе и натпревар помалку.






