сабота, 2 мај 2026

Владата за Црвен крст во секое време ќе одвојува од стоковите резерви за итни потреби

Објавено на

часот

Сподели

„Хуманитарната помош ќе биде наменета за помош на ранливо население погодено од катастрофа или итна состојба. Стоковите резерви ќе се обезбедуваат со посебни средства од Владата кои ќе се користат за обезбедување одредена количина на хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните погодени во случаи на елементарни катастрофи и кризни состојби. Нивната благородна акција е инспирација и поттикнува нови волонтери подготвени постојано да пружат помош, утеха, добар збор понесени од универзалното чувство за солидарност, хуманост и емпатија”, изјави Заев.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саити истакна дека организацијата спроведува различни активности и услуги за унапредување на социјалната и здравствената добросостојба на граѓаните, а за оваа цел постојано се мобилизираат волонтери и средства за справување со хуманитарни предизвици, кои произлегуваат како резултат на климатските промени и природните катастрофи кои за жал се сè повеќе присутни на нашите простори, како што беа неодамнешните пожари во државата.

„Сметаме дека оваа Програма за соработка со Владата ќе претставува добра основа за наш заеднички одговор на хуманитарните предизвици кои се случуваат во нашата земја и регионот како резултат на кризни состојби и катастрофи”, рече Саити.

При посетата премиерот Заев се зачлени, стана волонтер и доби волонтерски елек на Црвениот крст. Воедно на средбата тој прими златен медал на Црвениот крст, кој се доделува за посебни заложби и соработка во остварувањето на мисијата на оваа хуманитарна организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ