„Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција”, соопштуваат од македонската Влада.
Програмата за поддршка на печатените медиуми е во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите и се реализира четврта година по ред. Целта е да се реализираат активности за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер..
Инаку, од државниот буџет со субвенциите на печатените медиуми во земјава им се исплаќаат средства за направените трошоци за печатење и дистрибуција. Критериум за доделување на средствата е печатените медиуми да бидат од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, соопштија од Владата.






