Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер.
На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.
Седницата ќе се одржи со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од ковид-19, додаваат од партијата.






