Тој вчера во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во новиот тим на СДСМ треба да бидат нови луѓе кои имаат енергија и една поинаква визија и кои се граделе и растеле со партијата.
„На новиот претседател треба да му се даде можноста, како што ја презема одговорноста да биде лидер и да ја предводи партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба можеби да го направи од нови луѓе и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим се со цел да не го обременуваме ниту претседателот, ниту неговиот тим“, рече Спасовски.
Тој вчера за време на конференцијата за медиуми изјави дека засега нема ништо да коментира за тоа дали ќе биде дел од новата влада и дека ќе донесе дополнителна одлука за сите случувања во тој дел.
Вчера Собранието ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и оставка на целата Влада. Се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.






