петок, 8 мај 2026

Со филмот „Последно полувреме“ Бугарија ќе докажува дека не била фашистичка

Објавено на

часот

Сподели

Како што вели Полјаков во интервју за БГНЕС, мечот завршил со 3:0 за „сините“, но интересен факт е што тогаш натпреварите започнувале со нацистички поздрав, а на овој еден од клубовите одбил да го направи тоа. Тоа биле фудбалерите на „Левски“. Оваа вистина, според Полјаков, е извртена во македонскиот филм „Трето полувреме“ во кој Бугарите се претставени како нацистички чудовишта.

„Филмот е наречен ‘Последно полувреме‘ за да ги затвори сите полувремиња меѓу нас и РСМ. Во него се прикажани оригинални снимки. Во тоа време нашиот клуб ‘Левски‘ и нашиот клуб ‘Скопје‘ играат натпревар во домашното првенство, фудбалерите на ‘Левски‘ одбиваат да кренат рака, а тоа го прават момците од Македонија. Се креваше рака како нацистички поздрав во Берлин, Рим, Виена, па дури и во Лондон, а само во Софија рацете остануваа спуштени. Бугарија е ослободена од фашизмот“, вели Полјаков.

Според него, обидот на „Трето полувреме“ и на современите македонските политичари да ги претстават Бугарите како фашисти и нацисти не е добар. Напротив, требало да се зборува за луѓето како играчите на „Левски“ кои ризикувале многу, одбивајќи да кренат рака.

„Тие луѓе на некој начин се херои, кои не ги препознаваме денеска и ние треба да зборуваме за тие луѓе, а не за глупостите во Македонија“, вели авторот на филмот.

Тој уште додава дека во македонскиот филм има уште една, како што вели, измама поврзана со животот на тренерот на Скопје, извесен унгарски Евреин, Илеш Шпиц, кого од депортација го спасил претседателот на клубот Димитар Чкатров, а кој пак бил бугарски револуционер, деец на ВМРО и еден од организаторите на Македонската патриотска организација која ги обединува македонските Бугари во САД и Канада. А Чкатров, објаснува, бил стрелан од „српско-македонските комунисти“ во 1943 година.

„Ние го спасувавме Илеш Шпиц. Тој треба да има некролог, на кој треба да е напишано сѐ, а за него го нема тоа, па би сакал некогаш да се сретнам со режисерот на „Трето полувреме“ и да го прашам како спие“, вели Полјаков.

Тој открива и дека во моментов се подготвува и англиска верзија на „Последно полувреме“, за, како што вели, вистината да се види во целиот свет.

Авторот на филмот уште додава дека Република Северна Македонија во моментов сама удира во ѕид.

„Македонците не разбираат дека колку полошо зборуваат за Бугарија, толку повеќе одат против себе. Имам пријатели Македонци, ама тие не се она за што се зборува во официјалната пропаганда“, додава Полјаков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ