„Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме. Голема благодарност до најтесниот тим, до креативниот тим, до сите оние кои се приклучија на нашата платформа и ги вложија своите ресурси во реализација оваа идеја. Сакам да порачам дека нашата иницијативата полна енергија и ентузијазам, солидарност и сплотеност ќе продолжи и ќе расте. Во неа сме обединети граѓани со исти вредностите за достоинствен живот, инклузивност и еднаков пристап до јавните ресурси. Иднината ќе ја обележиме со поддршката кон нашите советници и во чекорите кои следат, во креирање квалитетни решенија за унапредување на квалитетот на живот во Општина Центар“, велат од Шанса за Центар.
Шанса за Центар со порака: Со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме

ТОП ВЕСТИ





