недела, 3 мај 2026

Жител на Џепчиште приведен по пријава за закани и напад со секира

На 2 мај 2026 година, околу 10:20 часот, полициски службеници од ПС Тетово во селото Џепчиште го лишиле од слобода А.А. (42) од истото село, по претходна пријава за закани и физички напад.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, ден претходно С.М. (63) од Џепчиште пријавил дека додека се враќал со својот трактор од нива, А.А. му се заканувал со нож, а потоа го удрил со дршка од секира.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ