Младиот Италијанец стигна до трета победа по ред, откако претходно беше најдобар и во Јапонија и Кина. И покрај проблемите што ги имаше во текот на трката, Антонели успеа да се одржи на врвот и да ја одбрани позицијата во жестока конкуренција.
Зад него заврши Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека третото место го освои неговиот тимски колега Оскар Пјастри. Долго време последното место на подиумот го држеше Шарл Леклер, ама тој се изврте кога ја загуби позицијата, па потоа загуби уште две места.
Во топ 10 уште се најдоа Џорџ Расел, Макс Верстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Франко Колапинто, Карлос Саинц и Александар Албон.
Со оваа победа Антонели се одлепи на врвот и сега со 100 бода е на „плус 20“ во однос на тимскиот колега Џорџ Расел, додека третопласиран е Леклер со 63, па следува денешниот победник Норис со 51.






