недела, 3 мај 2026

Синер го „преслуша“ Зверев и стана прв Италијанец кој го освои Мастерсот во Мадрид

Јаник Синер го победи Александер Зверев со 2-0 (6-1, 6-2) и ја освои титулата на Мастерс Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанецот игра во неверојатна форма. Ова е негов четврти трофеј, а стигна и до 23-та победа по ред, со само два загубени сета во таа серија. Воедно, ова беше седми последователен триумф над Зверев.

Финалето беше решено уште во првиот сет. Синер експресно поведе со 5-0 и рутински го затвори со 6-1 за само 26 минути. Во вториот сет сценариото не се промени. Зверев немаше одговор, а Синер со брејкови во третиот и седмиот гем мирно го приведе мечот кон крај за нов трофеј со 6-2.

Со оваа победа Синер стана првиот италијански тенисер кој го освои Мастерсот во Мадрид

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ