понеделник, 4 мај 2026

СПМ: Да се потсетиме на отпорот на Гоце Делчев кон великобугарскиот врховизам

Денес, на 4 мај, се поклонуваме пред ликот и делото на Гоце Делчев, чија жртва во село Баница во 1903 година стана вечен симбол на македонскиот непокор, се наведува во соопштението од СПМ.

Објавено на

часот

Сподели

„За нас Делчев не е само историска фигура; тој е социјалист, анархист и визионер кој веруваше во свет разбран како поле за културен натпревар меѓу народите. Неговата борба не беше само за територијална слобода, туку и за социјална правда и достоинство на секој човек, без разлика на вера и нација.

Ќе потсетиме на неговиот отпор кон великобугарскиот врховизам и обидите на монархиите да го искористат македонското движење за свои шовинистички цели, туѓи на македонскиот народ.

Оттаму, денес е неприфатлива трговијата со идентитетот и запоставувањето на потребите на современиот македонски граѓанин за сметка на лажен економски романтизам и празни и лицемерни ветувања повторно понудени од одродени поединци и политички партии.

За разлика од нив за нас социјалистите идеалите на Делчев имаат најнепосредна поврзаност со подоцнежната антифашистичка борба која ја воспостави Македонија според неговиот светоназор со што неговите идеали биле остварени во повоеното социјалистичко уредување.

Делчев беше револуционер кој ги обединуваше угнетените маси под знамето на автономна Македонија, градена врз принципите на единството и еднаквоста.

Неговата порака денес е поактуелна од кога било, борбата за слобода е нераскинливо поврзана со борбата против експлоатацијата и неправдата.

Гоце Делчев е нашиот историски поттик, паметник на македонската Организација, симбол на исконската идеја за Македонија и патоказ на борбата за Татковината која никогаш не престанува. Вечна му слава!“, соопшти СПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ