понеделник, 4 мај 2026

Авионот со шпанскиот премиер принудно слета во Турција

Авионот со шпанскиот премиер Педро Санчез синоќа принудно слета во Турција поради технички проблеми, објави владата во Мадрид, потврдувајќи ги медиумските извештаи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Санчез беше на пат кон Ерменија, каде што требаше да присуствува на состанок на Европската политичка заедница. „Шпанската делегација ќе преноќи во Анкара пред да го продолжи своето патување кон Ерменија наутро“, соопшти шпанската влада синоќа.

Детали за природата на техничкиот дефект не беа објавени. Европските лидери се собираат во ерменскиот главен град Ереван на состанок на Европската политичка заедница што започнува денес.

Шпанската државна новинска агенција ЕФЕ објави дека Санчез летал со официјален авион Ербас А310.

Санчез претходно го пропушти состанокот за Украина во Париз на 4 септември 2025 година, поради проблеми со авионот.

Тогаш авионот од типот Фалкон мораше да се врати во Мадрид поради технички проблем за време на летот, а Санчез учествуваше на состанокот виртуелно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ