недела, 3 мај 2026

Женскиот фудбал доби нов владетел: ЖФК Скопје ја обезбеди титулата

Екипата на Скопје 2014 е нов шампион во Првата женска фудбалска лига, откако со убедливи 8-0 против Топ Гол ја завери титулата во 23. коло.

Фото: ЖФК Скопје/Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Скопскиот тим одигра фантастична сезона. По 23 кола има биланс од 22 победи и само еден пораз, што беше повеќе од доволно за сигурно да стигне до петтиот шампионски пехар во историјата (четири беа под името ЖФК Драгон).

Зад шампионот кој досега има 66 бода, Тиверија Струмица е второпласирана со 51 бод, пред Љуботен кој има 47, додека Истатов 2015 е веднаш зад нив со бод помалку.

Вреди да се напомене и дека Љуботен беше казнет со одземање на девет бода поради напуштањето на натпреварот со АС Јунајтед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ