недела, 3 мај 2026

Пешак тешко повреден откако бил прегазен на патот кај Врановски Анови

На 2 мај 2026 година, во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионалниот пат село Извор – Општина Чашка, во близина на местото викано „Врановски Анови“, патничко возило фолксваген со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ. (57) од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

По несреќата, повредениот бил пренесен со возило на Итна медицинска помош во Општата болница Велес, а потоа бил препратен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ