Конгресот на партијата е закажан за 27 март 2022 година.
Села изјави дека за евентуалната негово повторна кандидатура за претседател на АА треба да одлучат партиските структури.
Села исто така рече дека владината коалиција на чело со новиот мандатар Димитар Ковачевски можеби има уставно право за формирање нова Влада, но нема легитимитет.
„Ковачевски не може да има никаков легитимитет, поради самиот факт што токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со само едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години, со промовирање фигури и импровизирање владини состаноци. Алтернатива не може да има легитимитет, бидејќи заедно со Алијанса за Албанците доби мандат да направи промени во албанското општество“, рече Села.
На Централното собрание на АА се расправаше за извештајот од локалните избори.






