Продажбата на акциите на Славија со почетна цена од 218.535 евра беше закажана за во понеделник, вторник и среда.
На оваа информација веднаш реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој на својот фејсбук-профил напиша дека со ова Владата го призна криминалот.
„Додека сеуште Заев и пиунот Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, СДСМ и Владата признаа вина и нечесни намери за продажба на АД Славија за 218.535 евра, иако вредноста нејзина е над 20.000.000 евра.
Обелоденовајќи го овој огромен скандал, ниту еднаш не бевме колебливи како партија да успееме во намерите да ја спречиме продажбата на оваа државна фирма за без пари, каде што блиски луѓе до власта дебело ќе профитираат во милионски суми.
Благодарност до јавноста која застана рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и бурно ја следеше ситуацијата, попречувајќи им на намерите на криминалците од власта. Честитки и за вработените кои го кренаа гласот иако се угнетувани од власта.
Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ спаси и спречи 20.000.000 евра на граѓаните да завршат во џебот на СДСМ. Е сега, одлучен сум во намерите да се занимавам и да биде под лупа малку повеќе со инволвираните во овој случај, првично со работата на директорот на Агенцијата за одземен имот. Фатон Асани после вакво признание мора по секоја цена да даде оставка од позицијата директор. Не му е ниту прва, ниту последна скандалозна зделка доколку остане на позицијата. Мора да си даде оставка. Оставка веднаш“, напиша Арсовски.






