сабота, 23 мај 2026

СДСМ: Данела Арсовска е странска инсталација и има бугарски пасош

Објавено на

часот

Сподели

Пратеничката Петровска покажа документ и рече дека станува збор за бугарското државјанство на Данела Арсовска.

„Во ‘Удостоверение’ од бугарското Министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 ѝ дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува: ‘Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година е дал блгарско гражданство на Данела Арсовска’. Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди госпоѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?“, праша Петровска.

Таа нагласи дека не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

Според Петровска, станува збор за класично потценување и навреда на скопјани.

„Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје. Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете? Скопјани, во недела да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да нѝ одработуваат среде главниот град, среде Скопје”, рече Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ