сабота, 23 мај 2026

Рубин Земон поднесе оставка од член на ИО на СДСМ

Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ. Ова синоќа на својот фејсбук-профил го напиша Рубин Земон, еден од поновите членови на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен пратеник.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа негова оставка доаѓа по неговите изјави за Гоце Делчев во дебата со бугарски експерти. Земон пред три недели изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а кај нас од него е направен мит“. По жестоките реакции во јавноста, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран.

Вчера се објави негова фотографија од средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација Македонија и човек кој Македонија го прогласи за непожелна персона. Фотографијата беше објавена на интернет страницата на фондацијата, но брзо беше повлечена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ