петок, 22 мај 2026

Бугарската фондација „Македонија“ објави слика со членот на СДСМ, Рубин Земон, па ја избриша објавата

Бугарската фондација „Македонија“ на својот официјален фејсбук профил предмалку објави фотографија на која се гледа првиот човек на фондацијата Виктор Стојанов со уште неколкумина јавно непзонати луѓе, а на која фотографија е и професорот Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ. Неколу минути подцна објавата беше избришана.

 

Објавено на

часот

Сподели

„На неформална средба со Рубин Земон – дел од раководството на опозициската СДСМ и претставник на Египќаните во Република Македонија. Мнозинството граѓани на земјата ќе се спротивстават на режимот на Мицкоски, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка, во име на европската иднина на Македонија и децата таму“, пишува во објавата на фондацијата „Македонија“.

Додека МКД.мк ја проверуваше автентичноста на фотографијата, објавата за неформалната средба со Земон беше избришана од фејсбук страницата на бугарската фондација.

Во телефонски разговор, Земон ни ја потврди автентичноста на фотографијата и кажа дека истата е направена пред два месеци, кога бил во приватна посета на Софија заедно со неговиот син, кој се подготвувал за својата матурска вечер.

„Со мојот син седевме во трговски центар во Софија кога ми пријдоа луѓето, ми кажаа дека ме препознале кој сум и прашаа дали може да седнат со нас на кафе и да направат фотографија. Првично не знаев дека станува збор за луѓе од фондацијата. Кратко поразговаравме за случувањата во двете змеји и тоа беше сѐ“, изјави Земон за МКД.мк.

Бурни реакции во јавноста неодамна предизвика изјавата на Земон дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е направен мит“.

По ова, Земон на својата фејсбук страница јавно се изивини и кажа дека бил погрешно разбран.

Во 2022 година на Стојанов му беше забранет влез во Македонија со образложение дека претставува опасност за националната безбедност.

Во март годинава, против Стојанов беше поднесена кривична пријава за за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од Агенција за национална безбедност тогаш соопштија дека пријавата следува по претходно обезбедени информации за субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза.

Според Обвинителството, Стојанов преку посебно креирана страница на фејсбук споделувал содржини со кои поттикнувал национална и етничка омраза и дискриминација.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ