сабота, 2 мај 2026

Пендаровски со Рикер: Го зацврстуваме стратешкото партнерство со САД

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беше разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот, се вели во сооштението од средбата и се додава:

„Соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области“.

Претседателот Пендаровски истакнал дека земјава и натаму останува посветена на реформските процеси, градењето на добрососедски односи и активно учествува во сите иницијативи во насока на унапредување на регионалната соработка“.

„САД се наш долгогодишен сојузник и принципиелен поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, јавната администрација. Остануваме посветени на зацврстување на стратешкото партнерство и поттикнување на уште подлабоки пријателски односи меѓу двете земји“, истакнал на средбата претседателот Пендаровски и нагласил дека членството во ЕУ останува стратешка цел и дека Унијата мора да изнајде начин, да го вреднува досега сработеното и да овозможи дебоклокада на евроинтеграцискиот процес.

„Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите го зголемува евроскептицизмот кај граѓаните, и негативно се одразува на политичките состојби во земјата”, посочил претседателот Пендаровски на средбата со Рикер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ