„Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби, ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски. Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници”, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот на државата.
Мицкоски во изјавата за пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави на собраниската седница рече дека „претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема”.
„Гледаме го нема Пендаровски ни да бекне ни да гукне, ниту за политичката ситуација ниту за енергетско-безбедноста ситуација која и се заканува на Македонија, туку слушаме за негови тик-ток средби од две минути”, рече Мицкоски.






