На панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан”, Пендаровски oцени дека се потребни крупни реформи за луѓето да стана среќни, а младите да останат во своите земји.
„Затоа помогнете. Помогнете им на луѓето кои живеат во овој регион. Би сакал и јас да се извинам за тоа. Без комбинацијата на нашите енергии, визии, проекти не можеме да успееме. Најпаметните, најмладата, најдинамична сила го напушта регионот, кој заостанува во економска смила, но и во демократска смисла Западниот Балкан е поназад од пред 10 или 15 години. Западниот Балкан има 18 милиони население на хартија, а во реалноста четири милиони помалку“, рече Пендаровски.
Светот, додаде, се измени драматично, а Западниот Балкан е ист, освен војните.
„Политичката волја да се воспостави нова синергија воопшто не е прашање, но зборуваме за минорните интереси на инволвираните чинители, политичката волја на Брисел, на земјите членки на ЕУ, националните интереси на САД и на земјите од регионот. Ресетирањето е возможно само во форма на лесно ресетирање. Нема да видиме синергија меѓу двата дела на трансатланската заедница, која е толку важна за нас, како во 90-тите години. Тоа значи дека поголем дел од одговорноста ќе остане на рамениците на регионалните политички лидери“, истакна шефот на државата, Пендаровски во своето обраќање на пленарната сесија.






