сабота, 2 мај 2026

Османи: Бугарија нема политичка влада, ама разговорите продолжуваат

Објавено на

часот

Сподели

„Комуникацијата продолжува помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој период се разговара. Моја и наша одлука како Влада е дека заради тоа што нема влада во Бугарија не смее да има прекин на разговорите, бидејќи многу потешко ќе се надоврземе на тоа што е разговарано доколку оставиме поголем јаз на некомуникација. И затоа таа комуникација продолжува конктинуирано. Се разбира дека продолжуваат и напорите на ЕУ, па и на комесарот Вархеји, но и на земјите членки, пред се, на Словенечкото претседателство кое има на некој начин и обврска да биде посредник во надминување на ова прашање. Така што ќе има такви средби во наредниот период, ќе има со нас, ќе има и со Република Бугарија. Ние ќе прдолжиме да работиме за изнаоѓање на решение. Сметаме дека е важно што побрзо да се затвори прашањето”, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје.

Тој додаде дека како основа на разговорите останува предлогот даден за време на Германското претседателство, кој е сличен со тој на португалското, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.

„Јас кажав во неколку наврати дека португалскиот предлог е сличен на претходниот германски предлог, сличен го презема словенечкото претседателство, така да, за не се создаде конфузија чиј е предлогот кажуваме дека е предлогот на претседателството и се уште предлогот на претседателството е основа за надминување на разликите покрај билатералните разговори што ги водиме двете страни по однос на надминување на разликите”, вели Османи.

Според него, засега нема нов момент од тоа што го имаше во текот на португалското претседателство. 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денска ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Иако не се објавуваат детали за разговорите во Софија, бугарските медиуми јавуваат дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Македонија.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ