сабота, 2 мај 2026

Орбан го прими Мицкоски, се согласиле поддршката од ФИДЕШ да продолжи

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Орбан станало збор за ковид-кризата, а Мицкоски нагласил дека е потребна отворена соработка и поддршка „со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија“.

Мицкоски информирал за состојбата на јужната македонска граница како и за состојбата со авганистанските бегалци во Македонија.

„Од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше посочено дека Македонија во изминатите години владата има исклучително слаб учинок во справувањето со корупцијата и подобрувањето на економскиот амбиент во државата, што е евидентирано и посочувано од страна на нашите меѓународни партнери. Тоа се должи на немањето на капацитет и волја од страна на власта, но беше посочено дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат отворање на процесот на преговори, затоа што реформските политички сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе имаат можност да спроведат брзи и итни чекори за приближување до европските стандарди“, пишува во соопштението.

На крајот се додава дека „соговорници ја истакнаа одличната соработка на двете сестрински партии и се заложија поддршката да продолжи да се развива и унапредува“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ