петок, 8 мај 2026

Oд 2009 година немало средба на претседатели на парламентите на Македонија и Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Минчев, како што пренесе МИА, рече дека на дневен ред е нова средба на двете законодавни тела на Бугарија и Северна Македонија. Тој проверил во записникот на Народното собрание на Бугарија дека средба на двајцата претседатели на парламенти немало од март 2009 година, кога била последната средба на вакво ниво. Тој рече дека имало идеи и покани за средби во 2010 и 2018 година, но тогашните претседатели на бугарскиот Парламент Цецка Цачева и Цвета Карајанчева тоа не го направиле на билатерална основа.

Минчев изрази мислење дека е време да се направи ваква средба по толку долга пауза. Ваква средба е неопходна во поглед на севкупните процеси на Западен Балкан и особено во контекст на актуелните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и одврзувањето на севкупниот јазол не само околу околу нејзината европска интеграција туку и евроинтеграцијата на регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ