четврток, 21 мај 2026

Нова група авганистански граѓани доаѓа попладнево во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Ова ќе биде втора група Авганистанци евакуирани од земјата кои ќе пристигнат во Македонија и ќе имаат привремен престој, откако доцна вечерта на 30 август дојде првата група од 149 Авганистанци, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Поголемиот дел од нив тогаш под строго полициско обезбедување беа префрлени и сместени во хотелот „Белви“.

Од МВР велат дека за сите што доаѓаат од Авганистан се вршат безбедносни проверки, а Министерството за здравство ги тестира дојдените на Ковид-19.

Македонската Влада веќе прифати во земјава привремено да бидат сместени над 700 авганистански граѓани, кои потоа треба да заминат во други земји, главно во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ