среда, 6 мај 2026

Митрески: Мицкоски да не бара алиби, притисоците врз Реџепи се од опозицијата, не од власта

Објавено на

часот

Сподели

„Имам обратни информации од она што го споделува опозицијата, а тоа значи дека притисоците кон него, се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и да каже што е она што му се случувало. Знам дека тој е пратеник кој е за европскиот пат и за европската иднина на државата”, рече Митрески.

Според него, за она што се случува во Собранието виновен е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ја излажал јавноста дека има 61 пратеник. 

„После подолг период Христијан Мицкоски пред нецел час кажа една голема вистина. Тоа е дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте. Сѐ друго што кажа, сѐ  она што денеска се случува во Собранието е резултат на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во парламентот и гласање недоверба на владата. За овој негов неуспех Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста на кој било друг. Само тој си е виновен и може на себе да си се лути”, рече Митрески. 

Тој кажа и дека за собраниската седница и што ќе се случува вечерва, Митрески се во постојана координација, како и дека според Деловникот за работа на Собранието, седницата може да трае до полноќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ