Мицкоски ги посочи дека доколку институциите не реагираат веднаш, само ќе докажат зошто се нефункционални и зошто Македонија е оценета како хибриден режим и е 111 место по корупција.
„Ги повикувам институциите тоа да го истражат и веднаш да покренат постапка затоа што само така ќе докажат дека се непристрасни и дека надвор од политичко влијание. Во спротивно ќе покажат дека уште еднашка зошто сме хибриден режим и 111 на скалата на Транспарентност Интернационал без функционално судство и без функционално обвинителство и за жал ќе продолжиме да ги разочаруваме граѓаните од чии што пари се полни буџетот, а тој буџет ги плаќа овие политичари како Рашковски“, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така потсети дека Зоран Заев велеше дека нема почесен човек од Рашковски, и дека цврсто стои на таа позиција дека Рашковски не се огрешил пред законот, но сега гледаме нешто друго.






