петок, 8 мај 2026

Маричиќ се пофали со Пописот, поголемите плати на судиите и обвинителите, дигитализацијата на судството, со десетици закони кои чекаат во Собранието…

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа година спроведовме попис. По цели 20 години, во навистина сложени услови, пандемија, повици за бојкот и слично, успеавме да го преброиме населението и имотот. Посебно сум горд што за време на мојот мандат Министерството за правда го подготви овој закон со кој успешно се заокружи овој статистичкиот процес. Оваа година Владата ги усвои и измените на Кривичниот законик со кој значително се зголемува правната заштита на жените, но и на новинарите и медиумските работници. За нив направивме и измени на неколку други закони со кои се за неколку пати се намалува надоместокот за штета за клевета и навреда, како за новинарите, така и за медиумите. Вакви системски чекори за подобрување на состојбата на медиумските работници е нешто што придонесува за голема демократизација на јавниот простор“, вели Маричиќ во обраќањето. 

Тој додава дела изминатава година со потпишувањето на Протоколот 16 на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, земјава на повисоко ниво ја издигна соработката со судот што ќе биде во директна полза на граѓаните.

„Започнавме со дигитализација на судството. Неколку услуги за граѓаните се веќе целосно дигитализирани, нема повеќе чекање по шалтери за уверенија за неосудуваност, а истото ќе се направи и со другите услуги. Во меѓувреме продолжи филтрацијата на судството, а поради констатирано нестручно е несовесно работење повеќе судии беа разрешени од страна на Судскиот совет. Се постигна договор за поголеми плати во судството и обвинителството за 15 проценти и тој договор е веќе спроведен во буџетот од наредната година. Дополнително, за подобро функционирање на правната држава, изминатата година изработивме, Владата ги усвои и сега се во Собранието „, за кои се надевам дека пратениците ќе ги набрзо ќе дадат „зелено светло”, додава министерот. 

Министерот потсети дека оваа година земјава доби позитивни извештаи и од Стејт Департментот и Европската комисија во делот на правдата каде што е констатиран напредок.

„Ова уште еден доказ дека сето тоа што го работевме изминатиот период како Влада и како Министерство за правда е признаено од најрелевантните меѓународни фактори, кои во минатото давале слаби оценки токму во делот на владеењето на правото и правната држава. Реформите во секторот со кој раководам не се ниту брзи, ниту едноставни. Удари кон правната држава има секојдневно, од различни центри на моќ, а за демонтирање на остатоците од режимот во судството треба навистина време и трпение. Сепак, сигурен сум дека откако веќе јавно се говори за проблемите и се работи на нивно решавање и откако конечно се носат вистински системски решенија, потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат“, завршува Маричиќ. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ