„Согласно член 84 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, и известувањето за предлогот за мандатар доставено од СДСМ, а поддржано од политичките парии на коалицијата, кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот, за мандатор за состав на владата го определувам господинот Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ“, рече Пендаровски.
Ковачевски се заблагодари за честа и најави дека од денес почнува со составување на Владата.
„Ваквите времиња бараат стабилни и одговорни луѓе. Затоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.
Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Секоја минута од нашето време ќе биде поосветена на клучните проблеми како економската несигурност и економската нестабилност.
Најавувам фокус на економскиот развој и финансиска поддршка за семејствата. Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок“, рече Ковачевски.






