„Покрај блокадите и одолговлекувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ денеска членовите на Комисијата за труд и социјална политика сведочат на низок, навредлив и морбиден говор на пратеничката Рашела Мизрахи. Наместо аргументации по однос на измените на Законот за работни односи, Мизрахи денеска цел ден ги навредува пратениците и пратеничките, ги навредува министерките, ги навредува здравствените работници, ги навредува сите кои не мислат како неа. Мизрахи се однесува некрофилски, зборува за гробови и смрт, злоупотребувајќи ја тагата на семејствата на починатите во пожарот во Тетово, злоупотребувајќи ги чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот“, изјави Костадиновска Стојчевска.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ секој ден го пробива сопственото дно на неодговорното и нехумано однесување и наместо пратениците од таа партија да работат и да им служат на граѓаните, за што се и платени, како што рече, тие на најподмолен начин тераат политиканство и лични интереси.






