Како што пишува во објавата, на ниво на портфолио, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75%. Тој информира и дека ко-финансираните грантови имаат најголем ефект кај македонските стартапи, при што растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е дури 197%.
„Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување“, напиша Петров.






