петок, 8 мај 2026

Кој ќе биде министер за одбрана е чувствително прашање, Шекеринска го потсетува мандатарот

Објавено на

часот

Сподели

Шекеринска рече дека според нејзините информации мандатарот уште не донел одлука кого да именува за функцијата министер за одбрана.

„Јас ги пренесов моите размислувања дека се работи навистина за чувствителен сектор, сектор во кој не важат само домашните правила за одговорност, туку важат и НАТО правилата на одговорност“, одговори Шекеринска на новинарско прашање дали има некој профил на човек кој би требало да ја преземе оваа функција, дали имала консултации и од партијата дали побарале нејзино мислење кој треба да седне на ова министерскто место.

Новиот министер или министерка, кој и да е, рече таа, наследува систем што е сложен, но систем кој веќе има резултати.

„Тоа е комплексен и голем систем со повеќе од осум илјади луѓе, систем што долго време бил занемарен, но и систем што досегашната Влада, убедена сум и идната ќе покаже дека е значаен за државата, не само на збор, туку ина дело со соодветни буџети и политики“, рече Шеќеринска.

Таа наведе дека го завршува мандатот со добри вести и тоа прво дека буџетот продолжил да расте, секоја година за 0,2 процентни поени и дека релативно брзо има шанси да се донесе Законот за служба во Армијата.

Министерката во заминување Шеќеринска изјавите ги даде откако изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање во касарната „Гоце Делчев”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ